ЗА НАС.
Основана во 1991 година во Скопје, нашата компанија е долгогодишен партнер во тешката индустрија, специјализиран за производство на опрема и резервни делови, трговија и испорака на комплетни машински решенија.
Нудиме и стручна поддршка според потребите на клиентите, од развој на нови решенија до дијагностика и оптимизација на производствени процеси. Нашиот пристап е прецизен, ефикасен и ориентиран кон реални резултати.
Работиме со мрежа на доверливи партнери и застапуваме глобално реномирани компании, што ни овозможува да обезбедиме висок квалитет, сигурна испорака и усогласеност со современите индустриски стандарди.
Со долгогодишно искуство и богата референтна листа низ Балканот, изградивме репутација на сигурен и посветен партнер.

Нашата визија
Да се позиционираме како водечка компанија во регионот, со постепено проширување на европските пазари, преку континуирани инвестиции во технологии, иновации и развој на производствените капацитети.
ПАРТНЕРСТВА.

KORFEZ Döküm – Turkey
Компанијата KORFEZ Döküm од Турција е водечки производител на челични одлеаноци, препознатлива по висок квалитет и современи производствени стандарди.
Како ексклузивен застапник, ПОРД машинопроект ги покрива пазарите на Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, обезбедувајќи директен пристап до производите, техничка поддршка и сигурна испорака.
Со заедничко искуство, успешно ги опслужуваме клиентите од цементната, рударската и металуршката индустрија низ регионот.
ЗАСТАПНИШТВО.
ПОРД Машинопроект – Скопје е официјален застапник за следниве компании:

CICSA Group
Компанијата CICSA е водечки светски производител на ланчести системи за транспорт на растресити материјали, со широк асортиман на високоотпорни ланци и компоненти.
Како ексклузивен застапник, ПОРД машинопроект ги покрива пазарите на Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија, обезбедувајќи сигурни и ефикасни индустриски решенија.
RHI AG
Со бројка од 8,000 вработени, 33 производни капацитети и повеќе од 70 продажни канцеларии, RHI услужува преку 10,000 клиенти од челичната, цементната, обоената индустрија, индустријата за стакло, енергија и хемиската индустрија во скоро сите земји во светот. RHI произведува повеќе од 1,7 милиони тони на огноотпорни материјали годишно и испорачува производи по нарачка и системски решенија. Од 2004 година нашата компанија е под-агент за производите и услугите на RHI AG за следниве држави: Македонија, Албанија и Косово.





















