Нашите производи.

Одлеаноци

ПОРД Машинопроект нуди високо квалитетни решенија во областа на индустриското лиење, со фокус на изработка на челични ливови, сив лив и одлеаноци од обоени метали за најсложени и најоптоварени работни услови.

Нашите производи се дизајнирани да издржат екстремни температури, абразија и механички оптоварувања, обезбедувајќи долготрајност, сигурност и оптимални перформанси во работењето.

Со долгогодишно искуство и развиена база на сопствени модели, обезбедуваме флексибилно производство – од поединечни одлеаноци до сериско производство – со широк распон на димензии и тежини, прилагодени на специфичните барања на клиентите.

Превземи каталог

Ланци и транспортни системи

Нашата компанија е официјален застапник на CICSA Group, водечки светски производител на индустриски ланчести системи и компоненти за транспорт на растресити материјали.
ПОРД машинопроект ги покрива пазарите на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, обезбедувајќи пристап до висококвалитетни ланци, транспортерски компоненти и решенија за подигање.
Со широк асортиман и глобално присуство, CICSA Group е препознатлива по својот квалитет, издржливост и сигурност во индустриските апликации.

Превземи каталог

Огноотпорни материјали

Нашата компанија е агент на најголемата светска фирма за производство на огноотпорни материјали RHI Magnesita – Vienna, Austria, за пазарот во Македонија, Албанија и Косово. RHI Magnesita е глобален производител на високо класни огноотпорни материјали, системи и услуги, кои се неопходни за индустрии со високи температури кои надминуваат 1,200 °C. Со околу 8,000 вработени, 33 производни капацитети и повеќе од 70 продажни канцеларии, RHI Magnesita услужува преку 10,000 клиенти од челичната, цементната, обоената индустрија, индустрија за стакло, енергија и хемиската индустрија во скоро сите земји во светот. RHI Magnesita произведува повеќе од 1,7 милиони тони на огноотпорни материјали годишно и испорачува производи по нарачка и системски решенија. Огноотпорните линии произведени од RHI Magnesita овозможуваат голем обем од агрегатите, вклучувајќи ги ливачките казани, печките за цемент, конверторите за бакар и печките за стакло да издржуваат екстремни термички, механички и хемиски стресови.

Превземи каталог

Готови машински делови

Челични ливови како готови производи.

Изработка на резервни делови од нелегирани и полу легирани сиви ливови во квалитети од СЛ 10 – СЛ 40.

Изработка на резервни делови од валани и ковани материјали – осовини, вратила, назабени вратила, запчаници, валци, редуктори, итн.

Изработка на склопови и потсклопови наменети во машинството по документација на купецот како и по сопствена документација за опрема која е личен наш производ. Конструирање, производство и ремонти на сите видови на кранови со носивост до 300 тони, како и ремонт на крански стази.

Инжинеринг и производство на заварени конструкции.

Проектирање и изработка на склопови и резервни делови за најразлични транспортери, транспортни траки, елеватори и вагони.

Контактирајте нѐ за повеќе информации.

ул. Стрезова бр. 4/2 1000, Скопје
+ 389 2 3124 012 | +389 2 3113 556
info@pordmasinoproekt.com.mk
ул. Стрезова бр. 4/2 1000, Скопје
+ 389 2 3124 012 | +389 2 3113 556
info@pordmasinoproekt.com.mk